НБРМ ја задржа каматата на 3,5 отсто

Bez autora
Apr 10 2013

Комитетот за оперативна монетарна на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто. Одлуката е донесена откако биле разгледани најновите пазарни, макроекономски и финансиски показатели. Воедно е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (24.020 милиони денари). Ликвидноста во банкарскиот систем во земјата се одржува на релативно високо и стабилно ниво, при што банките активно ги користат монетарните инструменти. На домашниот пазар на пари, и натаму се забележува тргување со депозити на подолги рочности (до 3 месеци) и тргување со хартии од вредност, што упатува на релативно висока доверба помеѓу пазарните учесници. На девизниот пазар се забележани вообичаените сезонски движења кај понудата и побарувачката за девизи.

НБРМ ја задржа каматата на 3,5 отстоКомитетот за оперативна монетарна на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто.

Одлуката е донесена откако биле разгледани најновите пазарни, макроекономски и финансиски показатели. Воедно е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (24.020 милиони денари). 

Ликвидноста во банкарскиот систем во земјата се одржува на релативно високо и стабилно ниво, при што банките активно ги користат монетарните инструменти, констатира НБРМ.

На домашниот пазар на пари, и натаму се забележува тргување со депозити на подолги рочности (до 3 месеци) и тргување со хартии од вредност, што упатува на релативно висока доверба помеѓу пазарните учесници. На девизниот пазар се забележани вообичаените сезонски движења кај понудата и побарувачката за девизи.

Економските и финансиските услови во домашната економија, како и изворите на ризици за монетарната политика не се значително променети во однос на периодот од последната аукција на благајнички записи. Имено, трендот на релативно поволни движења кај инфлацијата и девизните резерви продолжи.

Показателите за активноста за првото тримесечје се позитивни и даваат сигнали за поповолни движења во однос на претходниот квартал во согласност со проекцијата. Сепак, се очекува дека ова закрепнување нема да биде доволно силно за да го затвори негативниот производствен јаз и да создаде поголеми нерамнотежи во економијата.

Бавното закрепнување на реалниот сектор се пренесува и врз кредитниот пазар на банките. И покрај солидниот и стабилен раст на депозитниот потенцијал, кредитната активност и понатаму е умерена.

Искористеноста на депозитната база за кредитирање се намалува, при изразени склоности за вложување во нискоризични ликвидни инструменти, што доведува до натамошен раст на ликвидноста на банките. Овие движења ја покажуваат воздржаноста на банките за преземање поголеми ризици во услови на неизвесен амбиент.

Наспроти поволните движења гледано од монетарен аспект, одредени ризици за монетарната политика и понатаму постојат, велат од НБРМ.

Притоа се наведува дека и покрај помалите инфлациски ризици, гледано преку вкупната инфлација, базичната инфлација и понатаму е висока и упатува на можни поголеми пренесени ефекти од растот на цените на храната и енергијата врз останатите цени во економијата.

Во последниот период дојде до повторно зголемување на неизвесноста за состојбите во евро-зоната, што значи можно влошување на надворешното окружување и потенцирање на ризиците за надворешната позиција на економијата, се вели во соопштението на НБРМ испратено во средата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik